Достапни линкови

Фронтекс: Тешко е да се контролира грчкото море


Географски и правни пречки ја влошуваат контролата на грчките поморски граници, соопшти денеска Европската агенција за управување со надворешните граници (Фронтекс).

Портпаролот на Фронтекс, Ева Монкјур истакна дека кога чамци со мигранти влегуваат во територијалните води на Грција, тогаш нема правна можност да бидат вратени во Турција. Според неа, многу е лесно да се стигне до Грција по морски пат и таму е невозможно да се изгради ограда.

„Врз основа на меѓународното право секој човек, кој ја преминува европската граница, има можност да поднесе барање за азил“, нагласи Монкјур.

Слична е ситуацијата и со морската граница на Либија, која е долга илјадници километри и од каде мигранти патуваат кон Италија.

Во последно време Грција е изложена на остри критики од своите европски партнери дека доволно не спроведува сериозна контрола на бегалскиот бран.

XS
SM
MD
LG