Достапни линкови

logo-print

Важно е изборите да се фер, а не дали сите ќе учествуваат


За нас одлучувачко е изборите да се одржат на фер, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес, вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за софиски „Капитал“ во врска со најавените парламентарни избори на 24 април во Македонија.

ЕУ, истакнува Хан, ја оценува подготовката и реализацијата на изборите, а тоа го прават експерти од меѓународни организации.

„Договорот меѓу опозицијата и Груевски за разрешување на политичката криза во Македонија има многу елементи, а изборите во април се само еден од нив. Дел од тие елементи се исполнети, макар и по крајниот рок што беше предвиден. Се разбира, во таква чувствителна ситуација убаво е да има национален консензус. Но, треба да прифатиме дека тоа може и да е недостижно. Она што е значајно за нас е изборите да се фер и демократски“, истакнува Хан.

Тој додава оти работат со ОБСЕ, кои ќе испратат, како што вели, повеќе луѓе од вообичаено да набљудуваат, како во подготвителната фаза, така и на самото гласање на изборниот ден.

„ОБСЕ се подготвени да ѝ помагаат на македонската ДИК, ако таа побара помош. Пак ќе речам, за нас одлучувачко е изборите да се случат на фер, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. На оваа основа можеме да правиме следни чекори и да продолжиме напред“, нагласува во интервјуто Хан.

XS
SM
MD
LG