Достапни линкови

Нè казнуваат за независна надворешна политика


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да му дозволи на Западот да ја казни поради спроведување независна надворешна политика. На годишната прес-конференција денеска во Москва, тој рече дека американскиот антиракетен штит и ширењето на НАТО поблиску до границите на Русија биле „дестабилизирачки и кратковиди“.

Лавров рече дека не може да се потпре на Украина како транзитна рута за рускиот гас и оти Киев го одолговлекува спроведувањето на мировниот договор од Минск, со цел западните санкции против Москва да продолжат. Лавров отфрли каква било можност за враќање на Крим, кој пред две години беше анектиран од Русија, на Украина.

XS
SM
MD
LG