Достапни линкови

Советот на Јавни обвинители ќе решава дали Јанева постапила според законот, а комисија ќе истражува зошто две обвинителки биле отстранети од нејзиниот тим.

Тричлена комисија ќе испитува како се избркани двајца обвнители од тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, соопшти денеска претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски. Тој посочи дека пред една недела, две обвинителки - Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска, биле отстранети без никакво решение и без никаква постапка. Аневски вели дека обвинителките пред една недела се пожалиле за начинот на кој, како што вели, најблаго речено биле избркани од јавното обвинителство. Тој додаде дека вчера добиле и писмено известување од Јанева кое било спортивно на тврдењето на обвинителките.

Мислам дека тоа е лоша намера и лоша акција и не верувам дека тоа е измислица на тој совет туку пак ќе кажам тоа е организирана хајка од се знае кој.

Меѓу другото, на седницата денеска се разговараше и за одлуката за барање на податоци за начинот на кој биле архивирани и примерни материјалите кои СДСМ на 30 декември ги достави до Специјалното јавно обвинителство.

Инаку, Јанева не била поканета да присуствува на оваа седница на Советот на Јавни Обвинители.

Претходно, случувањата околу Специјалното јавно обвинителство, поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски ги опиша како „организиран атак кон сите борци кои се обидуваат да ја вратат демократијата по објавувањето на прислушуваните разговори“. Ивановски вели дека извештајот којшто требаше да го поднесе Јанева за својата работа пред Советот на јавни обвинители е во погрешно време.

„Може оправдување се бара на некој начин за да се има влијание како се трошат средствата како се извршува севкупната функција, но тоа е крајно неблагодарно, крајно штетно што во овој даден политички момент се бара нејзин отчет, а тоа е за да се стопира нејзината акција во самиот почеток. Мислам дека тоа е лоша намера и лоша акција и не верувам дека тоа е измислица на тој совет туку пак ќе кажам тоа е организирана хајка од се знае кој“, вели Ивановски.

Претходно МВР соопшти дека Јанева побарала дополнително обезбедување за нејзиниот тим, и дека го разгледува тоа барање. Причината за таквиот потег е изјавата на поранешниот премиер Никола Груевски кој на собир на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на власт не се доаѓа со „соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и продавачи на магла“.

Ивановски вели дека оваа несреќна изјава е само доказ дека се прави организиран атак кон сите борци кои се обидуваат за почеток да ја вратат довербата во институциите.

„Од самиот почеток, ова беше хајка, ова е организирано, за да се спротивстави на севкупната борба за враќање на демократијата, односно борба против целиот овој прогрес што се сакаше да се изведе а да продолжи криминалното владеење на постојниот режим“, вели тој.

Ивановски вели дека иницијативата за уставноста на специјалното обвинителство за која засега ништо не се зборува во јавноста, власта ја чува како џокер во рака, чекајќи погоден момент да ја употреби за да остане на власт.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG