Достапни линкови

Универзитети се отвораат на ура


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

И одлуките за нови универзитети се носат набрзина како и сè друго во државата, без анализи и недоволно осмислено, со што само му се нанесува штета на образовниот процес.

Брзите одлуки за формирање на нови универзитети без анализи и јавна дебата, се дневно политичка потреба на власта која на ист начин се однесува и кон другите важни општествени работи. Вака експертите ги коментираат новите предлози на Владата за формирање на два нови универзитети „Дамјан Груев“ и „Мајка Тереза.“

„Со тоа на некој начин се надеваат дека со таквите одлуки ќе придобијат гласачи. Јас мислам дека тоа не се добро анализирани одлуки и со тоа конкретно во овој случај, ќе му наштетат на процесот на високото образование и ќе ги ослабат постоечките капацитети“, вели Рушити.

Поранешниот министер за образование Сулејман Рушити вели дека брзото донесување на ваквите одлуки на власта е поради скорешните избори и поради падот на рејтингот на владејачките партии.

„Со тоа на некој начин се надеваат дека со таквите одлуки ќе придобијат гласачи. Јас мислам дека тоа не се добро анализирани одлуки и со тоа конкретно во овој случај, ќе му наштетат на процесот на високото образование и ќе ги ослабат постоечките капацитети“, вели Рушити.

Ненад Новковски, кој исто така е поранешен министер за образование, вели дека двата предлога се неосмислени, бидејќи според него, особено за формирањето на Универзитетот национална одбрана, безбедност и мир, бидејќи според него не постои потреба за таква поголема институција.

„Сето тоа и како што е предвидено всушност, се сведува на работа на еден институт, односно на една воена академија или ако некој имал намера да прави такво нешто, требало да го акредитира, како посебна високообразовна институција за безбедност, којашто со овие програми вкупно, целосно практично се сведува на ниво на еден институт со осум наставни програми, за коишто е уште прашање и дали можат да бидат обезбедени на соодветно ниво и дали воопшто има потреба. Имено, бидејќи се работи за земја којашто е на патот на влез во НАТО, тоа значи дека би требало овие институции да бидат целосно поврзани со НАТО структурите и да бидат координирани во една таква постапка“, вели Новковски.

Предлог законот на Владата, кој го одобрил Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, предвидува формирање на нов Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје, во чии рамки ќе функционираат осум нови факултети: Факултет за безбедност, Медицински факултет, Факултет за мировни студии и кризен менаџмент, Правен факултет, Институт за командни и штабни функции и лидерство, Институт за информатички технологии и сајбер безбедност и кој се предвидува да започне со работа во академската 2016 – 2017 година. Во изминативе денови одлуката за основање на нов Универзитет „Мајка Тереза“ беше одобрена од собраниската Комисија за образование наука и спорт.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG