Достапни линкови

Путин го критикува Ленин


Владимир Путин

Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше творецот на советска Русија Владимир Ленин обвинувајќи го дека поставил, како што рече, „темпирана бомба“ под државата. Асошиетед прес оценува дека ваквата остра критика на Ленин, кој и натаму го почитуваат многу руси е необична за Путин кој порано внимателно ја коментираше националната историја за да не ја загуби довербата кај граѓаните. Путин го критикуваше Ленин поради бруталното убиство на последниот руски цар Николај втори и неговото семејство. Тој посебно го критикуваше лениновиот концепт на федеративна држава со ентитети кои имаат право на отцепување, оценувајќи дека тоа во голема мера придонесе за распад на Советскиот сојуз во 1991 година.

XS
SM
MD
LG