Достапни линкови

Денеска нова партиска средба со Ванхауте


Питер Ванхауте

Питер Ванхауте

За денеска попладне е закажана нова средба на Работната група на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со посредникот Питер Ванхауте. Тој по завршувањето на вчерашните разговори изјави дека на маса биле предлози на ВМРО-ДПМНЕ и оти заради партиски консултации за нив, нова средба ќе се одржи денеска во Клубот на пратениците. Ванхауте не ги коментираше предлозите и рече дека тие допрва треба да се разгледаат.

XS
SM
MD
LG