Достапни линкови

Седум курдски борци загинаа во судири со турските сили


Илустрација: Турски војници.

Илустрација: Турски војници.

Седум припадници на Курдската работничка партија се убиени во антитерористичката операција на турските безбедносни сили во југоисточна Турција, соопшти турската армија. Генералштабот на турската армија денеска соопшти дека шестмина терористи биле вчера убиени во градот Џизре (округ Шарнак), а еден бил убиен во општината Сур (округ Дијарбакир). Армијата наведува дека вкупно 452 терористи од ПКК се неутрализирани во Џизре и 121 во Сур од почетокот на антитерористичката операција која почна во декември. Во вчерашната операција се конфискувани експлозивни направи, автоматски пушки и муниција.

XS
SM
MD
LG