Достапни линкови

По говорот на Груевски, амбасадорите бараат исполнување на „Пржино“


Амбасадата на ЕУ во Македонија денеска на Твитер реагира дека се очекува специјалното обвинителство и работната група од четирите политички партии да бидат поддржани од сите потписници на Договорот од Пржино. Ова доаѓа еден ден откако поранешниот премиер Никола Груевски, во говорот пред Унијата на жени на неговата ВМРО-ДПМНЕ, порача дека на власт не се доаѓа „со Ванхојтовци, Катици и продавачи на магла“. Британскиот амбасадор Чарлс Гарет, исто така на Твитер, напиша дека единствениот начин за Македонија да напредува е сите потписници да го исполнат тоа што го ветиле со договорот од Пржино.

XS
SM
MD
LG