Достапни линкови

logo-print

Микл-Лајтнер: Грција да ја подобри контролата на границата со Турција


австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.

австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.

Надворешната граница на ЕУ ќе се помести кон централниот дел на Европа, доколку Грција не ја обезбедува подобро својата граница со Турција, предупреди австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер на неофицијалната средба за миграција и тероризам на министрите за внатрешни работи и за правда на ЕУ, што се одржува денеска во Амстердам. Откако во саботата ѝ се закани на Атина со времено исклучување од Шенген зоната, Австрија денеска повторно упати критики до Грција за нејзините пропусти при обезбедувањето на границата со Турција, која е главен влез на мигрантите во ЕУ. Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано нагласи дека неговата земја не ја поддржува идејата границата на ЕУ да се помести до северната граница на Грција со Македонија.

XS
SM
MD
LG