Достапни линкови

Горивата поевтинуваат за 3,5 денари по литар


Бензините и дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 39 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денари за литар и ќе чини 27,5 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 12,857 денари за килограм. Причина за поевтинувањето е пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.

XS
SM
MD
LG