Достапни линкови

Комисијата за финансирање го одобри Буџетот на СЈО


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска го одобри буџетот на Специјалното јавно обвинителство за 2016 година, во висина од 253,7 милиони денари, односно 4,1 милиони евра.

Средствата, според Предлог-одлуката, се наменети за плати и надоместоци на јавните обвинители и јавнообвинителската служба, за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучително и средства за советувања и мислења од експерти, професионално напредување на вработените, капитални инвестиции и средства за одржување на просториите и опремата во ова Јавно обвинителство.

На Предлог-одлуката која Комисијата ја проследи на разгледување на собраниска седница не беа поднесени амандмани.

XS
SM
MD
LG