Достапни линкови

logo-print

ЕК бара Фронтекс да ѝ помогне на Македонија


Унгарски полицајци им помагаат на македонските колеги на границата со Грција.

Унгарски полицајци им помагаат на македонските колеги на границата со Грција.

Европската унија ќе побара Европската гранична агенција - Фронтекс, да отвори канцеларија во Македонија, за да може да ѝ помогне на земјата да ја контролира границата со Грција, пишува германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.

Тоа е одговор на Европската унија на иницијативата на словенечкиот премиер Миро Церар за зајакнување на поддршката за Македонија за контрола на границата со Грција, за која денеска на неформален состанок во Амстердам ќе разговараат министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на Унијата.

Во моментов Фронтекс има право да делува само на територијата на Европската унија. ЕК планира на најбрз начин да создаде правна основа за работата на Фронтекс во Македонија.

Грција, која граничи со Македонија, многупати беше обвинувана дека не ја заштитува својата надворешна граница која исто така е надворешна граница на Европската унија.

XS
SM
MD
LG