Достапни линкови

Народот да му се одмазди на сопствениот народ


Народ поделен до коска и заблуден од политиката, покажуваат коментарите од нашите читатели. Но има и такви кои велат дека сите политичари се исти и дека не мислам на народот, кој нема леб да јаде, а е свртен еден против друг.

И покрај тоа што Наум, редовен конзумент на РСЕ, кој на нашата веб страница самиот напишал дека 50 години (!?!) ја следи програмата на Радиово, алал му вера, смета дека по текстовите на нашите новинари немало коментари затоа што не биле интересни, токму слушателите и посетителите на веб и на Фејсбук страницата на РСЕ го демантираат.

А на кого ќе му се одмазди, на сопствениот народ, едни против други. Да ги уништиме едните за да живеат другите. Е, тоа батка, не ќе може.
Коментар на читател.

Само по информацијата за обраќањето на Груевски на годишната конференција на Унијата на жените на неговата партија, на нашиот Фејсбук има барем педесетина коментари и реплики, особено за неговата најава дека на 24 април народот ќе се одмазди за тоа што се правело во државава. Пораките се и позитивни и негативни, некои со недоличен речник, но – ја одразуваат и поделеноста на граѓаните, што луѓето од власта и од политиката, воопшто, би требало да ги загрижи.

Слободан Захариевски прашува кој народ, „народ кој нема леб да јаде?‟, напишал. Ласте Џеладини во постот коментира дека Груевски се однесува како ова да е негова држава, „а два месеца не сум зел социјално, кој народ може вака да трпи...‟ Љупчо Ристески, пак, порачува: „А на кого ќе му се одмазди, на сопствениот народ, едни против други. Да ги уништиме едните за да живеат другите. Е, тоа батка, не ќе може‟. Блек Блек Вајт коментира: „Значи, одмазда бараш...хехехе...пуста држава, до кое дереџе дојде‟, а Виктор Шамкаров коментира дека државата е на народот, не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на СДСМ. Елизабета Димковска бара на Фејсбук страницата да се јави некој што нема никаков интерес за ниедна партија и предлага да се чујат коментарите на неопределените, „ќе се изненадите дека не мислат како овие партиски определените...‟

По интервјуто на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов сте се изнапишувале коментари на нашата Фејсбук страница и сте се изнаплукале меѓусебно, почитувани. Тоа што Наумов смета дека Владата нè носи во должничко ропство за Тале Јорданоски се „комуњарски лаги и клевети‟, но генерално, доколку бараме заеднички именител на содржините можеби тој би се состоел од постовите на Симе Видески и на Билјана Нанчовска: „Сите заземате страна, а никако да ви текне сите се исти, ако гледаа за народот зошто никогаш нема пари за лекување во странство, затоа тури пепел на сите...‟ и „Сите сте исти...со ваков народ држава никогаш нема да биде, и позиција и опозиција...‟

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG