Достапни линкови

logo-print

Руската влада за проблемите со буџетот


Дмитри Медведев

Дмитри Медведев

Рускиот премиер Дмитри Медведев денеска ќе одржи специјална седница на владата за начините за балансирање на државниот буџет. „Драматичните движења на цената на нафтата во изминативе неколку недели, креираат сериозна опасност за буџетот“, предупреди деновиве Медведев. Цената на нафтата падна за 70 насто и сега изнесува околу 32 долари за барел. Половина од приходите во рускиот буџет се од нафтата и природниот гас.

XS
SM
MD
LG