Достапни линкови

Четирите пораки на Груевски и бомбите на СДСМ


Лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ можеби заборави на „бомбите“ кои го направија екс премиер, додека им се обраќаше вчера на жените од неговата партија. Никола Груевски од друга страна знае дека народот ќе ја казни опозицијата затоа што сакала да го урне ВМРО-ДПМНЕ и да ја дестабилизира Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера повторно ги читаше мислите на народот и си дозволи во негово име да испрати четири пораки до, како што рече, злоупотребената опозиција од „некој си“, кој сакал на „валкан“ начин да го урне ВМРО-ДПМНЕ и да ја дестабилизира Македонија.

Никола Груевски вчера повторно ги читаше мислите на народот и си дозволи во негово име да испрати четири пораки до, како што рече, злоупотребената опозиција од „некој си“, кој сакал на „валкан“ начин да го урне ВМРО-ДПМНЕ и да ја дестабилизира Македонија.

Тоа што ја поврзува партијата со државата е само уште една потврда за прецизноста на оценките на Стејт департментот, Европската унија и редица други невладини организации за неговиот демократски капацитет кој со години наназад е главната причина за слободниот пад кон дното кога станува збор за демократија, судство, медиуми... Но, за тоа постои и сублиматот на Европeецот Рајнхард Прибе - прецизен извештај за состојбите во Македонија, кој му претходеше на договорот од Пржино. А, тоа што постојано навидум случајно се заборава е дека до тој договор се дојде по „бомбите“ на опозицијата за „валканоста“ на власта, што пак, го присили на договорот од Пржино.

Груевски повторно јасно го изрази својот став за оние, како што ги нарече, „Вајнхојтовци и Катици и продавачи на магла“. А, тој, пак, со нив преговара и токму тие се производ на неговата дејност и согласност.

Нејсе, претседателот на партијата која десет години е на власт во Македонија во обраќањето на Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се осврна врз политичката криза, велејќи дека сè било совршено подготвено за негово уривање, но дека народот најпрвин збунет и изненаден, побрзо од очекувањата ја сфатил и ја отфрлил, како што вели, добро и долго подготвуваната валкана игра.

Политичката криза, додаде тој, ќе заврши со изборите на 24 април кога народот, според бившиот премиер, ќе ги испрател четирите пораки. Меѓутоа, Никола Груевски се воздржа пред жените на неговата партија да спомне зошто дојде до таа политичка криза и зошто тој мораше да поднесе оставка. Екс премиерот едноставно заборави на бомбите на опозицијата поради кои тој поднесе оставка согласно договорот кој го потпиша.

Но да се вратиме на пораките на народот, според житието на Груевски:

ПРВАТА ПОРАКА, вели бившиот премиер, ќе биде порака за внатре и за надвор, а таа е дека ова е негова земја и тој, народот, одлучува за нејзината иднина.

За тоа колку волјата на народот се почитува во неговата земја, според СДСМ, се наведува во нивните бомби за изборните кражби, што за власта е сечено, лепено и монтирано.

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00
Директен линк

Женски глас: А бе, луѓево, човечињава си гласаат. Ова е сè споредно шо ти кажувам. Сите будалетинки се пуштени таму на интервенција.

Машки глас: Многу јако.

Женски глас: А, знаеш провокации, што ти не, ама битно човечињава за рака се држат, влегуваат и гласаат, патент на уста.

Машки глас: Хахахаха

Женски глас: Па ги снимале за рака кај што одат, па ги објавиле на Либертас или на не знам кој. Циркус е, циркус е, мислам лудница. Ние, сега ќе организираме, у седум искачаме и викаме беше фер, демократски, мирно, нема пријави, освен овие за Струга ќе оставиме простор.

please wait

No media source currently available

0:00 0:13:27 0:00
Директен линк

Машки глас: Не знам дали се печати сега нешто во меѓувреме. Ова картиве сите се испечатени.

Женски глас: Види, знаеш... Да, да, да.

Машки глас: Колку што знам.

Женски глас: Тие им се испечатени, луѓево си ги имаат. Има една ризична работа, ама таа ја знаевме ние и затоа инсистиравме да дадат повеќе адреси комитетиве. Како што знаеш, имаме по 50 души у стан од 40 квадрати. Е сега, тоа е.

Машки глас: Добро, ама тоа е. Они може да го видат сега тоа како адреса?

Женски глас: Може, тоа го пишува во избирачки список.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:36 0:00
Директен линк

Женски глас: Васе, како ситуација?

Машки глас: А бе, добро е тука, ама се топи тоа...

Женски глас: Види, му кажав на Славе, таму каде што мислите дека е тенко, не пишувајте записници, остајте простор за приговор, немаме контрола таму, остајте простор па после за уши циган по циган ќе ги вадиме...Сега мора така, оти затворени се избирачките места .Океј Васе.

Машки глас: Добро, добро.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00
Директен линк

Машки глас 1: Ало.

Машки глас 2: Миле, како е?

Машки глас 1: Капиштец има две избирачки места, водиме. Вака сега, на 23 избирачки места обработени.

Машки глас 2: Да.

Машки глас 1: А, необработени 43, водиме за 140. Мешано. Значи, само тие кај што... По мое, ќе биде плус минус 600 гласа и можно е да има втор круг оти во просек, Општина Центар имала неважечки ливчиња, околу 1000-1500.

Машки глас 2: Аха, аха. Значи, да ни беа овие преспанциве, ќе завршевме работа?

ВТОРАТА ПОРАКА на народот, рече Груевски, ќе биде до сите сегашни и идни политичари дека со валкани игри не се освојува довербата.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00
Директен линк

Машки глас 1: Јас си мислам покрај тоа што на Уставен ќе падне, у петок он да изеде едно пет шест шамари пред камери. Да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде да му удри три шамари, јаки, и да си искочи.

Машки глас 2: Може да договориме сценарио мислам, ја планирав овие нашиве да излегуваат да протестираат.

Ова, според СДСМ, бил разговор меѓу премиерот Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески, кои зборувале за физички напад врз градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

ТРЕТАТА ПОРАКА на народот, вели Груевски, е дека не може криминалци и измамници да дојдат на власт, колку и да се богати.

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за имот на Водно 1
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00
Директен линк

Машки глас 1: Види, со обѕир дека ГУП-от се наближува.

Машки глас 2: Добро.

Машки глас 1: Ако не најдеме купец за ова, знаеш, горе кај ВТ.

Машки глас 2: Добро.

Машки глас 1: Да го претвориме во онакво како што ти кажав, знаеш.

Машки глас 2: Да, да, ама така е направено.

Машки глас 1: Тогаш одма го продавам. Имам више заинтересиран.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00
Директен линк

Машки глас 1: А така. За ова ти колку предлагаш?

Машки глас 2: 5 на целото.

Машки глас 1: Што 5 на целото?

Машки глас 2: 5 посто.

Машки глас 1: Не, не, у точен износ колку?

Машки глас 2: Па сега зависи колку ќе биде, помеѓу 15 и 18.

Машки глас 1: Ти како, како процент збореше таму или како бројка точна?

Машки глас 2: Па, тие го спомнаа тоа и генерално си е океј вака тоа. Пет на тоа што ќе помине. Тоа зависи од понудата, ама помеѓу 15 и 18 би се движело, согласно некои проекции колку би понудиле.

СДСМ: Светлана Костова и Сашо Мијалков
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00
Директен линк

Машки глас: Значи, ќе им кажеш: додека не ги добиеме последните пари, тоа се пола милион, да не пуштаат. Следното пуштање нека биде одеднашка, како што рековме, така?

Женски глас: Да. На три пати рекоа и Вие рековте така и јас...

ЧЕТВРТАТА ПОРАКА на народот е, рече Груевски, дека не само што е господар на оваа територија туку е и мудар народ и попаметен од какви било служби.

СДСМ: Миле Јанакиески и Никола Груевски (разговор 5)
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00
Директен линк

Машки глас 1: Таму знаеш што може да се направи? Може, за да не се гледаат одоздола да се дигне малце потпорен ѕид, да се напуни со земја и ќе гледаат у ѕид. Тоа ми текна.

Машки глас 2: Така да. Ќе проверам уште еднаш.

Машки глас 1: Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот.

Машки глас 2: Така.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00
Директен линк

Машки глас 1: Задоволни од ова денеска?

Машки глас 2: Пиштење, вриштење, што да ти кажам.

Машки глас 1: А?

Машки глас 2: Пиштење, вриштење.

Машки глас 1: Ние од 24 колку списокот го дале, 8 казни јаки паднале по 4.800 евра, две затварања, да, кај овие откупувачите за непресметан персоналец при откуп и дуќани.

Жерновски: Разговор меѓу Миле Јанакиески и соговорник
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:49 0:00
Директен линк

Машки глас 1: Ама, лифтовиве не работат, хахаха.

Машки глас 2: Хахаха. Леле, ќе биде циркуз, ќе викаат, ќе умрат.

Машки глас 1: А?

Машки глас 2: Ќе викаат, ќе умрат.

Машки глас 1: Може да слезат од 15 спрат стариве? Не?

Машки глас 2: Не бе, какво слегување.

Народот инаку решава и испраќа пораки на избори, но само ако му се овозможи без страв, во нормална демократска и медиумска атмосфера. А за ѓаволот што го спомнува и за тоа кој садел тикви со него ќе се види по некое време кога навистина ќе дојде по нечија глава.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG