Достапни линкови

logo-print

СДСМ - Груевски си призна дека криминалец не може да биде премиер


Опозицискиот СДСМ реагира дека во денешното обраќање пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски покажува колку е уплашен. Според СДСМ обраќањето било полно со лаги, примитивизам, недолични зборови и навреди.

„Силување“, „бркање на клоци“, „будала“, тоа е речникот на очајниот Никола Груевски кој се плаши од казната на граѓаните и соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години. Никола Груевски си призна на самиот себе си: не може криминалец и докажан измамник да биде премиер. Затоа Груевски не е премиер и затоа нема да биде никогаш повеќе. Докажани криминалци и измамници како Никола Груевски завршуваат во други институции. За тоа колкав е стравот кај Груевски од соочување со одговорноста за криминалот, провизиите и матните зделки за лично богатење на фамилијата покажува денешното негово повторно враќање на измислените „странски служби“. Знаат граѓаните како завршуваат овие кругови на концентрични лаги на Никола Груевски секогаш кога е фатен жив и кога мора да одговара“, се наведува во соопштението на СДСМ.

XS
SM
MD
LG