Достапни линкови

Нема парцијални решенија за избирачкиот список


Парцијални решенија не можат да доведат до целосно прочистување на Избирачкиот список, со што ќе се доведе до прашање кредибилноста на изборите, коишто очигледно нема да можат да се одржат на 24 април, рече денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов одговарајќи на новинарски прашања за избирачкиот список. Тој рече дека СДСМ очекува конечно искрен пристап од ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ во рамки на работните групи како би можела да се усогласи методологијата за да може ДИК конечно да започне со постапката за прочистување на Избирачкиот список.

XS
SM
MD
LG