Достапни линкови

logo-print

Талибанците со листа на барања пред преговори за мир


Талибанците во Авганистан пред да се вратат на мировните преговори со кои треба да се стави крај на 15 годишната војна имаат листа на барања кои треба да се исполнат. Исламистичките бунтовници бараат ослободување на затвореници, да бидат отстранети од црната листа на ОН за замрзнување на нивниот имот и забрана за патување на нивните лидери, да имаат политичка канцеларија која ќе биде официјално призната. Ова се меѓу првите чекори кон мир, наведоа талибанците во денешното соопштение.
Барањето дојде еден ден откако претставници на талибанците и поранешни авганистански официјални претставници се состанаа во Катар на конференција за ставање на крај на војната.

XS
SM
MD
LG