Достапни линкови

Спасовски - Формуларите за возачки дозволи нема да се злоупотребат


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека во случајот со 70.000-те илјади формулари за возачки дозволи клучен момент е зошто вработените во МВР не реагирале од 26 ноември кога тие биле примени во магацините се до 14 декември кога нив ги пронашла Комисија која ја формирал тој. Тој вели дека има сомнеж во целата работа и затоа се испитува.

„Најважно од сè е што тие се пронајдени и нема да заминат некаде надвор од МВР и евентуално да бидат злоупотребени“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на семејствата во Шуто Оризари чии куќи изгореа во пожар.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ побара одговор од министерот за внатрешни работи дали се точни наводите на медиумите дека уште пред да објави на прес-конференција дека биле пронајдени 70 илјади формулари за возачки дозволи и била спречена злоупотреба на македонски идентитети тој бил информиран од германската компанија уште во декември, со целосно појаснување на случајот и дека двете страни се согласиле оти не станува збор за криминал.

XS
SM
MD
LG