Достапни линкови

Обама бара Пакистан да биде сериозен против милитантите


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Пакистан треба да покаже дека е „сериозен“ за разбивањето на милитантните мрежи на негова територија по неодамнешните масовни убиства на студенти. Во интервју за Новинарскиот фонд на Индија објавено денеска, Обама ги пофали неодамнешните остри мерки од страна на Пакистан, но рече дека треба да се направи повеќе за искоренување на исламистичките организации. Во напад врз универзитетски кампус во северозападен Пакистан беа убиени 21 луѓе на 20 јануари.

XS
SM
MD
LG