Достапни линкови

logo-print

Кривична пријава за струшкиот градоначалник


Зиадин Села, градоначалник на Струга.

Зиадин Села, градоначалник на Струга.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струга Зиадин Села поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Покрај него, кривични пријави добија уште двајца вработени во општината и директорот на Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура, Виктор Лилчиќ-Адамс.

Како што соопшти денеска МВР, Села се товари дека незаконски издал под закуп паркинг во Струга. Покрај ова, според МВР, Села незаконски легализирал три бесправно изградени објекти на име на општина Струга, а на штета на Република Македонија.

Двајцата вработени во Општина Струга се товарат дека спротивно на законот издале урбанистичка согласност за бесправно изграден објект и записник за легализација. Лилчиќ-Адамс, пак, се товари дека издал согласност дека може да биде регулиран правниот статус на објектите при тоа во согласноста не укажал дека може да се промени носителот на сопственост.

Како што стои во соопштението од МВР, трите објекти, кои датираат уште од 1934 година, не можеле да бидат предмет на легализација бидејќи објектите, со решение од Министерството за култура - Управа за заштита на културно наследство, биле прогласени како објекти од значајно културно наследство во сопственост на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG