Достапни линкови

Иран купува 114 авиони Ербас


Илустрација.

Илустрација.

Иранските власти соопштија дека наскоро планираат да купат 114 авиони од европскиот производител на авиони Ербас, а се во потрага и по други зделки. Иран излезе од меѓународна изолација по олеснувањето на санкциите на 16 јануари, според договорот меѓу Техеран и светските сили за нуклеарната програма на Иран. Земјата има потреба од 500 нови авиони во текот на следните три години, рече Мехди Хашеми, претседател на собраниската Комисија за развој. Министерот за транспорт, Абас Ахунди, изјави дека Техеран ќе разговара околу деталите со Ербас следната недела, а исто така биле заинтересирани за преговори и со американскиот производител на авиони Боинг.

XS
SM
MD
LG