Достапни линкови

Продолжуваат антивладините протести во Молдавија


Илјадници Молдавци продолжуваат со протестите во главниот град на земјата, Кишињев, барајќи оставка од новоизбраната влада и распишување предвремени избори. Протестот го организираа две проруски партии и проевропско движење за борба против корупцијата. Новинската агенција Асошиејтед прес проценува дека на протестот има околу 15 илјади луѓе. Луѓето кои протестираат сметаат дека новата влада, составена од истите партии како претходната, нема да престане со коруптивните практики на претходните влади. САД, ЕУ и најголемиот молдавски сојузник Романија, сепак рекоа дека ќе соработуваат со новата влада, која ја повикаа да ги спроведе проевропските реформи.

За денеска беше планиран и контра-митинг во знак на поддршка за Владата, но тој беше откажан за да се избегнат можните судири.

Во пресрет на денешниот протест, молдавскиот министер за внатрешни работи, Александру Јиздан, ги предупреди учесниците да се воздржат од какви било насилни акти. Тој додаде дека полицијата идентификувала десетици луѓе кои учествувале во судирите во Кишињев на 20 јануари, откако парламент ја одобри новата влада.

XS
SM
MD
LG