Достапни линкови

Владините сили во Сирија напредуваат против бунтовниците


Илустрација.

Илустрација.

Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад ја повратиле контролата врз градот Рабија, кој е клучниот град под контрола на бунтовниците во западната крајбрежна провинција Латакија. Државната сириска телевизија денеска јави за заземањето на градот, а тоа го потврди и Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Сириската опсерваторија претходно јави дека десетици луѓе загинале во воздушни напади за кои постои сомневање дека ги извршиле руски воени авиони во источниот дел на Сирија. Тоа најверојатно ќе им овозможи на провладините сили да се пробијат сè до границата со Турција, велат активистите. Претходно овој месец, провладините сили ја повратија контролата и врз Селма, друг град во провинцијата Латакија.

XS
SM
MD
LG