Достапни линкови

Грчката Влада негира можност за предвремени избори


Портпаролот на грчката Влада Олга Геровасили ги демантира се почестите шпекулации дека во блиска иднина се можни предвремени избори во Грција.

„Владата доби мандат и се бори токму на начин како што им вети на грчките граѓани летоска, кога тие и ја дадоа довербата да се справи со ситуацијата.Не станува збор за предвремени избори“, изјави таа за телевизијата Мега. Геровасили исто така, инсистираше на тоа дека не е точно оти пратениците на Сириза не ги поддржуваат пензиските реформи на Владата.

Мнозинството на владејачката коалиција од само три пратеници и притисокот на кредиторите за поголеми намалувања на пензиите ги поттикна шпекулациите во Грција дека Владата нема да може да опстане уште долго и оти премиерот Алексис Ципрас може да одлучи граѓаните повторно да излезат на гласање.

XS
SM
MD
LG