Достапни линкови

logo-print

Големата снежна бура го погоди Њујорк


Големата снежна бура што парализираше голем дел од источниот брег на САД го погоди и Њујорк . Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо прогласи вонредна состојба на 23 јануари, со што Њујорк стана 11 држава што го презеде тој чекор. Властите забранија да се патува ако некој нема голема потреба, транспортот е суспендиран, а мостовите се затворени. Најмалку 18 луѓе загинаа како последици на бурата, повеќето од нив во сообраќајни незгоди. Откажани се речиси 7.000 летови за викендов и забранети се сите летови во Вашингтон, Филаделфија и Њујорк. Десетици илјади домови се без електрична енергија.
Властите во Вашингтон го прекинаа главниот железнички и автобуски сообраќај за викендов. Се очекува бурата да трае и денеска.

XS
SM
MD
LG