Достапни линкови

Големо снежно невреме во САД


Големото снежно невреме го парализираше источниот и јужниот дел на САД, а најмалку 10 сојузни држави денеска прогласија вонредна состојба поради времето. Властите повикаа милиони граѓани да се засолнат од невремето и да не излегуваат со возила ако немаат итна потреба. Снежната бура би можела да нанесе до 61 сантиметри снег во Вашингтон и околните области до вечерва. Во Њујорк се очекуваат околу 30 сантиметри снег.

Снегот и мразот го парализираа патниот, железничкиот и авионскиот сообраќај на источниот брег на САД. Од вчера се откажани околу 7.600 летови.

Медиумите јавуваат дека најмалку осум луѓе загинале до попладнево од причини поврзани со невремето, кое се очекува да трае до утре. Надлежните очекуваат невремето да зафати околу 85 милиони луѓе, или околу една четвртина од населението на САД и да направи штета од околу 1 милијарда долари. Националната метеоролошка служба соопшти дека ова е едно од десетте најлоши невремиња што го погодиле регионот. Си Ен Ен објави дека 133 илјади луѓе останале без струја војугоисточниот дел на земјата. Автобускиот и железнички сообраќај во Вашингтон и во Њу Џерси е во прекин.

XS
SM
MD
LG