Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од Спасовски


ВМРО-ДПМНЕ денеска побара одговор од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали се точни наводите на медиумите дека уште пред да објави на прес-конференција дека биле пронајдени 70 илјади формулари за возачки дозволи и била спречена злоупотреба на македонски идентитети тој бил информиран од германската компанија уште во декември, со целосно појаснување на случајот и дека двете страни се согласиле оти не станува збор за криминал.

„Доколку овие наводи се точни, на медиумите, дека тој е фатен во лага, тогаш треба веднаш да излезе и да се извини за скандалот понесувајќи ја одговорноста“, рече на денешната прес-конфренција Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред десет дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека при ненајавен попис на магацинот на МВР се пронајдени 70 илјади обрасци за дупликат возачки дозволи. Тој изјави дека се сомнева оти со овие лични документи била можна злоупотреба на идентитетот на граѓаните и дека постојат индиции за можна продажба на обрасци

XS
SM
MD
LG