Достапни линкови

Интерпол повлече потерници по барање на Јанукович


Интерпол соопшти дека повлекувањето на јавните потерници по неколкумина осомничени од времето кога на власт во Украина беше претседателот Виктор Јанукович е резултат на жалбата што ја поднел Јанукович. Шефот на Бирото на Интерпол во Украина, Васил Неволја, денеска соопшти дека осомничените од времето на Јанукович остануваат во базите на Интерпол, но нема да бидат јавни. Тој рече дека адвокатите на Јанукович се жалеле пред судот во Франција и пред Комисијата за контрола на Интерпол и барале истрагата против осомничените да биде отфрлена, по што Интерпол ги ограничил пристапот до потерниците до решавање на жалбите. Претходно, украински антикорупциски активисти забележаа дека поранешниот украински премиер од времето на Јанукович, Миколај Азаров, поранешниот министер за финансии Јуриј Колобов и други се отстранети од листата на барани на Интерпол. Повеќето се обвинети за корупција и за злоупотреба на службената должност. Интерпол стави 12 луѓе од времето на Јанукович на листата на барани во јануари 2015 година. Во јули 2015, Јанукович беше отстранет од листата, откако пред Интерпол се жалеше дека случајот против него е политички мотивиран. Се верува дека тој и поголемиот дел од осомничените сега живеат во Русија.

XS
SM
MD
LG