Достапни линкови

logo-print

Европските социјалисти со поддршка за ставот на СДСМ за изборите


Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска присуствуваше на состанокот на претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). На состанокот, како што соопшти СДСМ, била изразена целосна поддршка на заложбите за фер и демократски избори во Македонија. Било нагласено и дека ПЕС бара доследно спроведување на сите реформи предвидени со Договорот од Пржино.

„ПЕС го поддржувa ставот на својата придружна членка СДСМ дека моменталните услови во Република Македонија не гарантираат слободни и фер избори. Прочистувањето на Избирачкиот список и потребните реформи во медиумите мора да се спроведат пред одржувањето на изборите“, стои во Декларацијата на ПЕС за Македонија усвоена вчера.

ПЕС посочува и дека одлуката за распуштање на Собранието е донесена од страна на власта без исполнување на главните услови од Договорот од Пржино.

XS
SM
MD
LG