Достапни линкови

Кери и Лавров разговарале за преговорите за Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров преку телефон зборувале за мировните преговори меѓу сириската опозиција и претседателот Башар ал – Асад под покровителство на ОН кои треба да започнат во Женева следната недела. Кери денеска во Саудиска Арабија треба да се сретне со претставниците на сириската опозицијата да се реши прашањето кој ќе ја претставува поделената опозиција на преговорите во Женева.

Кери и Лавров по нивната средба на 20 јануари во заедничка изјава нотираа дека ќе биде посветено посебно внимание да се формира автентична опозициска делегација која ќе учествува на преговорите.

Разговорите во Женева се закажани за 25 јануари, но дипломатите велат дека тие би можеле да се одложат, ако не се реши прашањето на опозициската делегацијата.

XS
SM
MD
LG