Достапни линкови

Издадени нови 1.031 потврда за барање азил


Изминатите 24 часа на вкупно 1.031 странски државјани им се издадени потврди за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив, 489 се машки, 198 женскии 344 деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Како што соопшти МВР, според државјанството, најбројни се лицата од Авганистан, 441, Сирија, 436и Ирак, 154.

Од почетокот на оваа годинаиздадени се потврди на вкупно 37.835 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-18.716, Авганистан-12.286 и Ирак-6.830.

XS
SM
MD
LG