Достапни линкови

logo-print

Кинескиот претседател во посета на Иран


Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна со иранските власти во Техеран за време на неговата работна посета на земјата. Кинескиот претседател се сретна со иранскиот претседател Хасан Рохани, а потоа и со врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Иранските власти соопштија дека за време на посетата на кинеската делегација треба да се потпишат 16 договори. Претседателот е придружуван од тројца вицепремиери и шест владини министри. Кина е најголем купувач на иранска нафта. Си Џипинг е првиот светски лидер во посета на Иран по олеснување на меѓународните санкции кон Техеран на 16 јануари, како дел од договорот меѓу Иран и светските сили за ограничување на нуклеарната програма на Иран. Тој исто така е првиот кинески лидер во посета на Иран по пауза од 14 години.

Пред да го посети Иран кинескиот претседател ги посети Саудиска Арабија и Египет.

XS
SM
MD
LG