Достапни линкови

Трамп ги помеша американските со руските воени ветерани


Главниот фаворит за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД годинава, Доналд Трамп за време на својата кампања вети помош на американските воени ветерани, но искористи фотографија од руски ветерани од Втората светска војна. Трамп вчера објави видео на својата Фејсбук страница со фотографии од руските ветерани, но потоа видеото беше отстрането, но руските медиуми го презеле и го објавија. Тој во рекламата вели дека американските ветерани се лекуваат ужасно и ветува дека ќе се грижи за нив, но во видеото се објавуваат фотографии од војници на советската Црвена армија со нивните медали и обележја на одбележувањето на 70-годишнината од советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.

XS
SM
MD
LG