Достапни линкови

Некои земји не прават ништо во борбата против ИД


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер.

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер.

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави деканеколку членки на Коалицијата предводена од САД за борба против Исламската држави во Ирак и Сирија не прават ништо за да помогнат да се порази оваа екстремистичката група.

„Многу од нив не прават доволно, или воопшто не прават ништо“, изјави Картер за Си –ен –би си, во интервју дадено намаргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Картер не посочи ниту една земја. Во Коалицијата членуваат 65 земји, а нивниот слоган гласи „ Еден мисија, многу народи“.

Во интервју за телевизијата Блумберг, Картер изјави дека тие ја носат тежината за некои други земји и дека не треба да им се дозволи на таквите земји да бидат слободни „стрелци“. Картер вчера на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади му рекол дека САД ќе ја интензивираат борбата против милитантите на ИД.

XS
SM
MD
LG