Достапни линкови

Повеќе се штеди во денари, отколку во странски валути


Банките минатата година одобриле нови кредити во износ од 400 милиони евра, додека депозитите што ги примиле се во висина од малку повеќе од 300 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија. На крајот на минатата година вкупните депозити од граѓаните и компаниите достигнале 4,95 милијарди евра, што е пораст за 301 милион евра за период од една година. Граѓаните и фирмите пак вкупно должеле 4,55 милијарди евра, што означува дека за една година вкупното кредитирање се зголемило за 395 милиони евра. И граѓаните и фирмите штеделе повеќе во денари отколку во странски валути, а тие што штеделе во странски го преферирале еврото. Во банките има вкупно 2,98 милијарди евра депозити во денари, Депозитите во денари се за речиси една милијарда евра повисока сума од депозитите што се чуваат во странска валута, а кои според најновите податоци изнесуваат 1,99 милијарди евра.Компаниите лани добиле кредити во износ од 169 милиони евра, од кои повеќе од половина бие одобрено во декември, додека граѓаните добиле нови кредити во износ од 224 милиони евра.

XS
SM
MD
LG