Достапни линкови

Орбан бара ограда на границите на Македонија и Бугарија кон Грција


Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска побара на границите на Македонија и Бугарија кон Грција да биде подигната ограда, со што би бил спречен приливот на бегалци кон средна и западна Европа.

„Ако не можеме да ја гарантираме безбедноста на надворешните граници (на ЕУ), независно колку и да чини тоа, тогаш самите ќе придонесеме за уништување на Шенгенскиот договор“, изјави Орбан во Брдо кај Крањ.

Унгарскиот премиер денеска престојува во посета на Словенија, каде со неговиот словенечки колега Миро Церар разговараше за проблемите со кои се соочуваат двете земји со бранот бегалци, кои од Турција преку Грција и балканските земји пристигнуваат до Унгарија и Словенија.

XS
SM
MD
LG