Достапни линкови

ДИК не може да почне со прочистување на Избирачкиот список


Средба на владата со ДИК.

Средба на владата со ДИК.

ДИК сè уште не почнала со прочистување на Избирачкиот список, зашто чека согласност од четирите партии, бидејќи работната група сè уште нема доставено забелешки и одобрување за да се усвои методологијата, рече претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски. Тој рече дека комисијата засега работи само на организациско-техничка подготовка. Според него, од утврдената методологија ќе зависи и времето потребно за прочистувањето на списокот.

На денешната средба со претставниците на ДИК, новиот премиер Емил Димитриев ја истакнал постојаната подготвеност на владата за одговор на барањата на Државната изборна комисија и „задоволување на кадровските, организациските, финансиските, техничките и сите останати потреби на Државната изборна комисија“ за да се организираат фер и демократски избори на 24 април.

XS
SM
MD
LG