Достапни линкови

САД може годинава да ги укинат санкциите против Русија


Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека верува оти Вашингтон оваа година можеби ќе го разгледа укинувањето на санкциите против Русија, поради нејзината вмешаност во кризата во источна Украина, ако Москва се придржува до мировниот договор од Минск. Во денешното обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Кери рече дека заедно со потпретседателот Џо Бајден оваа недела во швајцарското одморалиште се сретнале со украинскиот претседател Петро Порошенко да помогнат да се обезбеди целосно спроведување на договорот.

Договорот, кој беше потпишан минатата година во февруари од Украина, Русија, Франција и Германија, предвидува прекин на огнот, повлекување на тешкото оружје, размена на заробеници, локални избори во областите под контрола на бунтовниците во источна Украина и поголема автономија за овие региони.

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју овој месец изјави дека санкциите „сериозно ѝ наштетуваат на Русија“.

XS
SM
MD
LG