Достапни линкови

Закани за нови напади врз училишта во Пакистан


Отцепената група од талибанците, која го изврши крвавиот напад врз универзитет во Пакистан на 20 јануари, се закани дека ќе продолжи да напаѓа училишта во земјата. Лидерот на групата во денешната видео порака вели дека училиштата ќе бидат напаѓани затоа што се расадници на луѓе кои го предизвикуваат „законот на Алах“. Во нападот во кампусот на универзитетот Бача Хан во провинцијата Чарсада беа убиени 21 лице. Групата исто така ја презеде одговорноста за нападот врз училиште во Пешавар во 2014 година во кој беа убиени 150 луѓе, најголемиот дел деца. Тоа беше најкрвавиот екстремистички напад во историјата на Пакистан. По тој напад, на наставниците во Пакистан им беше дадено право да носат оружје на работа. Еден од убиените професори во нападот во Бача Хан наводно пукал кон напаѓачите од неговото оружје.

Пакистанските талибанци го осудија нападот во универзитетот, оценувајќи го како „неисламски“.

XS
SM
MD
LG