Достапни линкови

logo-print

Кремљ демантира дека Путин барал оставка од Асад


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Кремљ ги демантира информациите на британскиот весник Фајненшал тајмс дека претседателот Владимир Путин побарал од сирискиот претседател Башар ал-Асад да поднесе оставка, но бил одбиен.

„Ова не се случило“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Британскиот весник, повикувајќи се на неименувани западни разузнавачки извори, рече дека Путин го испратил шефот на военото разузнавање, генералот Игор Сергун, во Дамаск за да побара повлекување на Асад до крајот на минатата година. Сергун ненадејно почина на 3 јануари на 59-годишна возраст.

XS
SM
MD
LG