Достапни линкови

Изгласана претседателска династија во Таџикистан


Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон и неговото семејство.

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон и неговото семејство.

Пратениците во Таџикистан денеска ги изгласаа уставните амандмани со кои му се овозможува на претседатело Емомали Рахмон да воспостави претседателска династија. Со измените, 63-годишниот поранешен шеф на колективна фарма Рамон, кој владее со Таџикистан од 1992 година, ќе може да се кандидира за реизбор неограничен број пати. Измените исто така предвидуваат потребната возраст за избор на претседател да се намали од 35 на 30 години. Со тоа, најстариот син на Рахмон, Рустам Емомали ќе може да се кандидира на претседателските избори во 2020 година, кога ќе има 33 години. Измените на Уставот ќе стапат на сила откако ќе бидат одобрени од Уставниот суд и изгласани на референдум кој сè уште не е закажан. Според друг закон што беше изгласан минатиот месец, на Рахмон му беше доделена титулата „Лидер на нацијата“ и нему и на неговото семејство им беше доделен доживотен имунитет од кривично гонење.

XS
SM
MD
LG