Достапни линкови

Измени на рускиот закон за „странски агенти“


Илустрација.

Илустрација.

Руското Министерство за правда поднесе предлог за измени на контроверзниот закон за „странски агенти“ во која поконкретно треба да се дефинира што точно значи фразата „политички активности“. Според законот од 2012 година, невладините организации што добиваат пари од странски фондови и се вклучени во политички активности мора да се регистрираат кај владата како „странски агенти“. Според предложените измени, „политичките активности“ ќе се дефинираат како одржување јавни собири и митинзи, упатување јавни повици до државните власти, јавното објавување оценки за официјалните одлуки, објавувањето проценки за избори или за изборни резултати или дистрибуција на таквите оценки на кој било начин.

Активностите во полињата на науката, културата, уметноста, здравствената заштита, спортот и социјалната помош се конкретно дефинирани како неполитички активности.

XS
SM
MD
LG