Достапни линкови

Голем провладин митинг во Чеченија


Илјадници луѓе се собра денеска во главниот град на Чеченија, Грозни, за да ја изразат поддршката за лидерот на оваа севернокавкаска руска република Рамзан Кадиров, кој ја има поддршката од Кремљ. Чеченското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на денешниот митинг излегле еден милион луѓе, кои носеле транспаренти за поддршка на политика на Путин и на Кадиров.

Претходно излегоа информации дека вработените во државниот сектор биле принудени да присуствуваат на митингот.

На други транспаренти, покрај имињата на опозициски активисти и критичари на Путин, беше напишано „предавници“, „петта колона“ и „срамот на Русија“.

Пред 10 дена Кадиров јавно ги прогласи опозициските политичари за „народни непријатели“, кои „треба да бидат осудени и затворени“. Руските опозициски организации, Амнести интернејшнал и Комитетот за заштита на новинари побараат од Кремљ „соодветно“ да реагира на изјавите на Кадиров.

Чеченскиот претседател е обвинуван за масовно кршење на човековите права и за инспирирање убиства на неговите политички противници.

XS
SM
MD
LG