Достапни линкови

logo-print

Украина го казни Газпром со 3,5 милијарди долари


Украинската државна антимонополска комисија ја казни руската компанија Газпром со 3,5 милијарди долари поради наводна злоупотреба на монополот врз транзитниот систем за природен гас во Украина. Шефот на Антимонополската комисија во Киев, Јуриј Терентјев, ова го објави утринава на Фесбујк, но не наведе детали за прекршувањата на Газпром.

Претходно оваа недела, Газпром ја информира Украина дека должи 2,55 милијарди долари за гас во третиот квартал од 2015 година и оти Киев има десет дена да го плати долгот. Украина го оспорува долгот, велејќи дека клаузулата од договорот со која се бара Киев да плати за гасот е „незаконска и неважечка“.

Газпром и украинската компанија Нафтогаз го решаваат меѓусебниот спор пред Меѓународниот арбитражен суд во Шведска. Газпром тврди дека Украина му должи вкупно 29,2 милијарди долари.

Околу 40 отсто до гасот ЕУ го набавува од Русија доаѓа преку Украина.

XS
SM
MD
LG