Достапни линкови

Во САД нов визен режим за граѓани на ЕУ


Соединетите држави соопштија дека почнаа да спроведуваат нови правила за влез во земјата според кои граѓани на ЕУ кои имаат државјанство на Ирак, Иран, Сирија и Судан или патувале во тие земји мораат да аплицираат за виза. Новите правила вклучуваат мали исклучоци за оние што биле во тие земји како новинари, владини претставници или хуманитарни работници. Измените во визниот режим во декември беа одобрени од Конгресот и дојдоа како реакција на терористичките напади во Париз и во Калифорнија.

XS
SM
MD
LG