Достапни линкови

Двајца затвореници од Гвантанамо во БиХ и Црна Гора


Гвантанамо

Гвантанамо

Американското Министерство за одбрана соопшти дека префрлило двајца затвореници од затворот во базата Гвантанамо во Црна Гора и во БиХ. Во соопштението се наведува дека третиот затвореник Мухамед Бавазир одбил да замине за Европа и останал во американската база на Куба. Во БиХ бил префрлен еден египетски државјанин со тешки здравствени проблеми, а во Црна Гора затвореник од Јемен, бидејќи, како што се наведува, ниту едниот, ниту другиот не можеле да се вратат во земјата од каде што потекнуваат. Досега американските власти од Гвантанамо ослободија вкупно 91 затвореник.

XS
SM
MD
LG