Достапни линкови

Обама планира самит за бегалците


Американскиот претседател Барак Обама планира да биде домаќин на глобален самит за бегалците за време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември годинава. Тој за ова телефонски разговарал со германскиот канцелар Ангела Меркел, соопшти Белата куќа. Целта на самитот е да се обезбедат нови и конкретни можности за бегалците во светот и за поддршка на земјите кои се соочени со овој проблем. Обама и Меркел дискутирале за бегалската криза во Европа и се согласиле дека донаторската конференција која во наредниот месец ќе се одржи во Лондон е можност за „галванизација на глобалните напори“ за решавање на хуманитарната криза во со војна зафатената Сирија.

XS
SM
MD
LG