Достапни линкови

Ванхауте не е оптимист, изгубена довербата во процесот


Попладнево во Клубот на пратениците почна средбата на работната група со посредникот Питер Ванхауте на која главна тема е методологијата за пречистување на Избирачкиот список. Како што јави телевизија Телма Ванхауте пред средбата изјави дека не е оптимист, бидејќи не е постигната едногласност за датумот на изборите. Тој нагласи и дека главна пречка е унилатералната одлука да се оди на избори, а како резултат на тоа целосно се изгубила довербата во процесот.Според него повеќе нема чувство дека партиите сакаат заедно да работат и заеднички да се обидат да ги постигнат целите и тоа е главната пречка со која се соочуваат во моментов. Инаку покрај методологијата за пречистување на избирачкиот список незатворена тема на работните групи останаа и медиумите.

XS
SM
MD
LG